Извади го велосипедот од подрумот!

Извади го велосипедот од подрумот!

Иако градовите се преплавени со автомобили, поголемиот дел од граѓаните сè уште ги избираат како основно средство за превоз. Од друга страна пак, предностите на возење велосипед наместо моторно возило се безбројни.  Без разлика дали ќе се одлучиш за велосипед од здравствени, еколошки, финансиски или рекреативни причини, ова е многу забавна активност. Затоа ние издвоивме неколку главни предности поради кои треба да го користиш твојот велосипед почесто!

Време е за раздвижување!

Да, на сите ни е познато чувството на удобност додека се возиме во нашиот автомобил, но мора да признаеме дека тоа не прави помрзеливи. Згора на сето тоа, деновите стануваат сè потопли и потопли, па веќе немаш никакви изговори зошто не можеш да возиш велосипед на патот до твојата дестинација. Велосипедизмот го подобрува кардио-васкуларниот систем, ги зголемува твојата кондиција и енергија, го намалува крвниот притисок, ги зајакнува мускулите и го подобрува расположението, предизвикувајќи чувство дека си направил нешто продуктивно.

Избегни ги непотребните трошоци!

Возењето велосипед заштедува голем дел од буџетот. Всушност, кога ќе ги собереш сите давачки кои ги даваш секојдневно за превоз, ќе разбереш дека возењето автомобил е огромен трошок. Од досадните трошоци за паркинг и гориво, па сè до заменување на делови и сервис. Бенефитот по твојот „џеб“ ќе го почувствуваш инстантно!

Заштеди време и нерви.

Најчестата причина поради која го избегнуваме возењето велосипед е недостатокот на удобност. Сепак, во споредба со поминувањето цела вечност во барање паркинг и здодевните метежи поради кои доцниш на работа, велосипедот звучи супер. Велосипедот е мал, практичен, не бара големо одржување и не зафаќа простор, што значи дека лесно можеш да го возиш и да го паркираш. Звучи совршено, нели?

Биди еко-свесен!

Последната, но можеби најголемата придобивка од возењето велосипед е неговото поволно влијание врз животната средина. Тоа видно ја намалува стапката на емисии на јаглерод диоксид и го одржува воздухот чист. Возењето велосипед не користи фосилни горива и го намалува твојот придонес кон глобално загадување.

Сакаш да се одлучиш на ваков чекор, но не поседуваш велосипед? Тука е Credissimo до плата до 20.000 денари со 0% камата и без дополнителни административни трошоци, ако го вратиш во грејс-периодот, а исто така можеш да го продолжиш периодот на враќање неограничен број пати. Во случај да сакаш да се занимаваш со возење велосипед како професионален спортист и ти треба квалитетна и професионална велосипедска опрема, тука е Credissimo плус до 80.000 денари кој ќе ти овозможи да уживаш во предностите од оваа активност.

Поврзани статии

Стиловите кои ќе ја обележат оваа сезона!

Стиловите кои ќе ја обележат оваа сезона!

Погледни ги модните трендови кои се актуелни и инспирирај се за сезоната која следува.

Ајде по риба!

Ајде по риба!

Ловењето риба е исклучително релаксирачко хоби, кое ќе те научи на трпение, ќе ти створи навика и ќе ти пробуди желба за константно подобрување. Нашиот совет за тие кои што сеуште не се пробале со риболов, е да го пробаат ова хоби доколку сакаат вистински да си ги релаксираат мислите.

Пролет e, време e за нов почеток во домот и животот!

Пролет e, време e за нов почеток во домот и животот!

Чистењето во пролет не значи само миење на прозорците. Вистинското пролетно чистење е рестарт на целиот простор околу тебе.

Пролетно будење

Пролетно будење

Разбуди ја пролетта во себе и насекаде околу тебе! Активирај се, започни да се радуваш на малите работи и внеси промени во твоето секојдневие сега!

Летен изглед!

Летен изглед!

Летото е сѐ поблиску, време е да се подготвите физички и психички за топлите денови што ни предстојат