Летање со Параглајдер!

Летање со Параглајдер!

Параглајдерство (или параглајдеринг) е еден од воздухопловните спортови. Тоа е натпреварувачки и рекреативен спорт. Исто така е еден од екстремните спортови.

Едрење со падобран (параглајдер) е еден од најмладите воздухопловни спортови и еден од најлесните начини да се оствари сонот за летање.

Овој спорт интензивно се развива и шири во изминатите петнаесет години и е во пораст во спортската авијација.

Оваа пристапност е лесна и брза можност за самостојно полетување, но тоа е исто така и голем ризик.

Полетување без соодветна теоретска подготовка и практична обука и без контрола на инструкторот е голема шанса за несреќа.

Поради мала брзина на летот, секоја промена на брзината на ветерот и турбуленции, може да ја загрози безбедноста.

Затоа, долгорочна и систематска обука е единствениот начин да се доживее и да уживате во долги едрење со параглајдерот.

Опрема за едрење со параглајдер е следнава:

  1. Параглајдер за едрење (крило)
  2. Седиште и систем за поврзување (систем)
  3. Резервен падобран (резерва)
  4. Заштитна капа (кацига)
  5. Заштитни обувки, ракавици и облека
  6. Опрема за поврзување и навигација.

Во овој спорт не се скока од авион, како што често се мисли

Потребната опрема лесно може да се спакува во ранец (околу 15 килограми тежина) и потребен е некој вид на превоз до најблискиот соодветен рид.

Кога ќе се најде соодветна локација, потребно е помалку од десет минути за подготовка.

По неколку чекори залет по должината на ридот и со добар ветар може да се полета веднаш.

Предноста на овој спорт е дека не постои потреба за аеродроми или било која друга скапа инфраструктура. Параглајдеристот одлучува каде и кога ќе полета.

На слетување на почетниците им треба ливада. На искусните параглајдеристи им е доволна површина од половина метар. Не постои едноставен начин за слетување.

Висината и должината на летот зависи од временските услови, но можно е да останете во воздух неколку часа, да се искачите неколку илјади стапки во височина и да прелетате неколку стотици километри (светски рекорд изнесува околу 400 километри).

Тандем параглајдер е ултра лесно летало, со мека структура, која може да ги носи пилотот и патникот.

Ова е неспоредливо, несекојдневно ново искуство, кое ќе ти остане во сеќавање засекогаш, нешто што вреди да се проба. Ако си зависник од адреналин, ова е морално да се искуси. Доколку размислуваш за тоа од финансиски аспект, колку би те чинело едно вакво задоволство, немаш потреба да размислуваш воопшто. Колку и да чини, ти секогаш имаш некој кој постојано ти го ’’чува грбот’’ кога станува збор за пари. Credissimo ќе се погрижи за тебе и твојот паричник. Земи Credissimo плус до 80.000 денари или аплицирај за Credissimo до плата и земи го секој 1-ви и 5-ти кредит во износ до 12.000 ден. со 0% камата. Уживај и создавај нови искуства.

Поврзани статии

Планински велосипедизам. Одлична рекреација и супер хоби!

Планински велосипедизам. Одлична рекреација и супер хоби!

Доколку си љубител на возење велосипед и уживаш во прекрасните планински пејзажи, ти препорачуваме да ја прочиташ нашата нова статија и да ја започнеш својата авантура!

Кои се највозбудливите забавни паркови во Европа?

Кои се највозбудливите забавни паркови во Европа?

Без разлика дали си дете, тинејџер или возрасен, забавните паркови се нешто на кое никој не може да остане рамнодушен.

Зимски спортови кои мора да ги пробаш!

Зимски спортови кои мора да ги пробаш!

Прочитај повеќе за неколку интересни зимски спортови кои ќе направат да ја засакаш зимата уште повеќе!

Посети некој од најголемите забавни паркови на вода

Посети некој од најголемите забавни паркови на вода

Во овие спектакуларни водени паркови посетителите доживуваат врвни адреналински авантури, додека на забавата дефинитивно и нема крај. Токму овде луѓето буквално го губат чувствтото за време и место, додека се забавуваат во високите падови од тобоганите и вртењето во кругови со огромна брзина.