Пет совети како да изградиме финансиски навики

Пет совети како да изградиме финансиски навики

Пет совети како да изградиме финансиски навики

Понекогаш изгледа дека основната особина на парите е никогаш да не ни стигнуваат.
Дали често мислите за тоа дека го завршувате месецот на нула па дури и дека сте во минус? Ви доаѓаат мисли како „мала ми е платата, не можам да штедам“, “животот станува се поскап” и “ќе имам пари откако ќе добијам на лотарија”?


Сега ќе го промениме Вашето мислење. Од заштеда може и да не се станува милионер, но заштедените пари може да Ви помогнат да постигнете благосостојба. Покрај тоа, ќе Ви дадат многу повеќе спокојство, можности за патување или инвестиција, оптимизам. Поинаку кажано, стресот ќе ви се намали и животот ќе добие малку повеќе смисла од преживување месец за месец.
Независно од приходите, секогаш има начин за штедење на пари. Постојат два важни услови, без кои ништо нема да постигнете: Треба да сте трпеливи и да не паднете во искушение да се откажете.

Еве од каде да почнете:

1. Водете си финансиски дневник


Разликата меѓу тоа да знаеш за што трошиш и да не знаеш за што трошиш е многу голема. Доколку си запишуваш каде ти одат парите секој пат кога несвесно купуваш ќе те прогонува мислата:

„дали ова навистина ми треба“

Всушност доколку на почетокот не Ве прогонува ова прашање, пробајте намерно да си го поставите. Наскоро интуитивно ќе почнете да се воздржувате од непотребни трошоци. А запишувањето на хартија ќе Ви даде сосема јасна претстава каде и како Вашите приходи се претвораат во трошоци. Тоа ќе Ви биде од голема корист во намалувањето на трошоците.

2. Чувајте си пари за себе

Касичка со заштеда за куќа,автомобил,образование и патувања


Старо правило е дека човек секој месец треба да издвојува 10% од она што го заработува. Дури и да го знаете ова правило можно е да ја правите најчестата грешка: Чекате да помине месецот и доколку е останата некоја сума, ја заштедувате. Меѓутоа треба да го правите спротивното. Секој пат кога ќе земете пари, прво одвојувајте ги овие 10% (или друга избрана сума) и дури потоа користете го остатокот. Не грижете се, ќе се справите.

Тоа е мал трик за мозокот:

Кога знаете дека имате помалку пари се приспособувате спрема соодветниот буџет. После некое време ќе најдете дека веќе имате стекнато добри заштеди.


3. Подмирувајте ги долговите

Жена ги смета месечните трошоци


Современиот живот е живот на кредит. Колку и да е корисна оваа алатка, таа додава секој месец трошок кон нашите финансии. Не си дозволувајте да касните со плаќање и да собирате казнети камати. Доколку имате можност да вратите заем предвреме – направете го тоа.. Вратете ги и долговите кон другарите, доколку имате земено од нив. Секогаш кога земате заем размислете добро за можностите за исплата. И како и во првата точка: поставете си го прашањето дали е ова потребно сега.

4. Користете го времето мудро

песочен часовник


Понекогаш 24 часа на ден ни се чинат многу малку, а всушност дури не помислуваме колку од овие часови се поминати значајно. Билансот на начинот на кој управувате со своето време, е еднакво важен како и составувањето на буџет. Тоа е бесплатен ресурс кој може да се употребува на многу корисни начини.

Заштедениот час од гледање телевизија, поминат во учење на нешто ново еден ден може да Ве однесе чекор напред во професијата и животот.

5. Трпение

Како што стана збор и на почетокот, ништо не се случува од денес за утре. Посадено семе бара месеци (а во некои случаи и години) додека порасне и почне да дава плодови. На истиот начин доколку еден месец одржувате финансиска дисциплина, не може да очекувате дека уште во вториот ќе имате огромни резултати. Задржете го темпото и со време ќе ги видите.

14 совети како да заштедите пари од струја (дел 1)

Поврзани статии

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Безгрижен предновогодишен празничен шопинг

Нова Година. Божиќ. Фамилија. Веселба. Јадење, пиење... Слика на полно блаженство. Меѓутоа додека да стигнеме до таму, повеќето од нас поминуваат низ пекол. Пеколот на предпразничното трчање по продавниците.. Во ваква непријатна ситуација може да попадне речиси секој од нас и е убаво да се знае дека сепак не е крај на светот. "Кредисимо" мисли за Вашето секојдневно спокојство и Ви нуди помош на сите оние кои што го оставате шопингот и за во последен момент.

Неколку совети како да ги зголемиш месечните приходи!

Неколку совети како да ги зголемиш месечните приходи!

Во оваа статија ќе најдеш неколку корисни совети како лесно да си ги зголемиш финансиските средства.

Сакаш да станеш планинар и да освојуваш врвови?

Сакаш да станеш планинар и да освојуваш врвови?

Планинарењето релаксира и ослободува од стрес, пред се пешачењето и качувањето по планините го зајакнуваат организамот и телото. Делува позитивно на емоциите, ја подигнува самодовербата, делува на социјалната сфера на животот, овозможува нови познанства и искуства.

Резервација за одмор во последен момент? Возможно е!

Резервација за одмор во последен момент? Возможно е!

Поскапо или поевтино е да се направи резервација во последниот момент? Види како најдобро да го испланираш твојот летен одмор ако сепак сакаш да заминеш некаде кон крајот на летото

7 Совети за тоа како безбедно да земете брз кредит

7 Совети за тоа како безбедно да земете брз кредит

За да сте задоволни клиенти прочитајте ги седумте правила на Кредисимо за безбедност при земањето на брз кредит