Kthehu mbrapa Artikujt

Резервација за одмор во последен момент? Возможно е!

Резервација за одмор во последен момент? Возможно е!

Дали беше на одмор ова лето? Имај предвид дека сѐ уште не е доцна да направиш резервација и да заминеш некаде за да ја почувствуваш целосно летната еуфорија.

Иако подготовките за летен одмор најчесто се прават неколку месеци пред да дојде летото, со цел да се најде сместување за поевтина цена и подобро да се испланира потребниот буџет, не заборавај дека поевтини се и резервациите направени малку подоцна, кон крајот на летниот период. Овие понуди често се водат како „last minute понуди“, односно резервации за во последен момент, пред да заврши летната сезона.

Еве како можеш да испланираш одмор во „5 до 12“ за ниски цени:

Разгледај повеќе понуди и избери ја најприфатливата

Пребарувај на интернет додека не ја најдеш најдобрата понуда за тебе. Потребно е да ти  се допаѓа местото за летување, цената, оддалеченоста од плажата и сите други фактори кои сметаш дека не треба да бидат потценети пред да заминеш. Спореди повеќе понуди од повеќе агенции, постави прашања во повеќе групи на  социјалните мрежи за евтин одмор, каде што и други луѓе објавуваат понуди и споредуваат цени. Кога разгледуваш понуди, имај предвид дека сместувањето може да биде поевтино на точно определени датуми и денови кои ти одговараат.

Одбери непопуларна дестинација

Факт е дека метрополите како што се: Париз, Рим и Барселона секоја година привлекуваат милиони туристи, но селфи пред Ајфеловата кула ќе направиш во некоја друга прилика. Непопуларните дестинации секогаш претставуваат добра опција, бидејќи нудат поевтини цени за сместување, храна и пијалаци, а тоа се најважните работи кога бараш одмор за достапни цени. Одбери ја разумно дестинацијата, но, сепак, со желба да заминеш таму.

Избери комбо пакети за сместување и превоз

Туристичките агенции нудат комплетни пакети со превоз и сместување. Тие секогаш се најдоброто решение во ситуации кога организираш одмор во последен момент. Ваквиот тип на комбо пакети секогаш се поевтини, а можеш да добиеш и дополнителен попуст од туристичката агенција која не ги исполнила сите места од конкретната понуда. Поволни се и „All inclusive“ пакетите, бидејќи однапред плаќаш за повеќе услуги како превоз, сместување, место на приватната плажа, оброци во текот на целиот ден и слично.

Испланирај ги навреме сите трошоци

Не заборавај дека колку и да е поволна понудата којашто ќе ја избереш, предвреме треба да си ги испланираш сите трошоци, со цел добро да го испланираш потребниот буџет за твојот одмор. Треба да знаеш колку можеш да си дозволиш да потрошиш. Направи план за сите трошоци, определи ја вкупната потребна сума за одмор и дури тогаш резервирај. Доколку потребната сума е многу голема, намали од деновите на одморот. Наместо 10 дена, можеш да заминеш на 7 или помалку денови.

Најди брзо решение ако ти недостасуваат пари

Доколку имаш потреба од дополнителни финансиски средства, не заборавај дека можеш да сметаш на финансиска помош од Credissimo. Аплицирај за кредит до 200.000 денари и потребниот износ веднаш ќе биде на твојата сметка. Процесот на аплицирање и добивање на средствата е многу брз, затоа што целосно е онлајн. Можеш да аплицираш каде и да си и во кое било време од денот. Средствата ти се на располагање за трошење, веднаш по одобрувањето. Од нас ти посакуваме убаво лето и пријатен одмор! Летувај безгрижно со претходно подготвен план! Создавај спомени и искористи го максимално летото.

Artikuj të lidhur

Kthehu mbrapa
Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!
Artikujt

Време е да ја посетите својата омилена летна дестинација!

Неколку корисни совети како да заштедите и да имате неверојатен одмор за паметење ова лето. Прочитај ги советите и примени ги

Lexo
Избегни го непотребното трошење!
Artikujt

Избегни го непотребното трошење!

Воочи ги грешките и заштеди со тоа што нема да трошиш без причина. Направи си финансиски план и буџетирај ги правилно твоите пари

Lexo
Испланирај си го зимувањето со помош на на Credissimo
Artikujt

Испланирај си го зимувањето со помош на на Credissimo

Погледни низ прозорецот – гледаш сонце и тотален недостаток на снег. Каква е таа зима без снег во декември? Па, дали е вистина ова?

Lexo
Оваа година - одмор на планина или на море?
Artikujt

Оваа година - одмор на планина или на море?

Одмор на планина или на море? Разбери кои се предностите на морето, а кои на планината и замини на долго посакуваниот одмор

Lexo
Споделеното патување и зошто да му се довериме
Artikujt

Споделеното патување и зошто да му се довериме

Споделеното патување постои далеку пред Uber да ги разбранува законодавните власти низ светот и да освои голем број забрани.

Lexo