Kthehu mbrapa Projekte sociale

Подаривме 500 бесплатни влезници за поддржка на ЗОО во Скопје

Подаривме 500 бесплатни влезници за поддржка на ЗОО во Скопје

Подаривме 500 бесплатни влезници за ЗОО со цел да го поддржиме работењето на ЗОО Скопје и да ги поттикнеме граѓаните почесто да го посетуваат едно од најинтересните катчиња во главниот град. На 25.04.2025 во периодот од 11:30 до 13:30 часот, на Плоштадот Македонија беа поделени бесплатни влезници на сите случајни минувачи. Како долгогодишен пријател на Зоолошката градина, преку оваа општествено одговорна иницијатива одлучивме да ја поддржиме ЗОО Скопје во период кога цените за храната на животните беа зголемени.

„Оваа поддршка доаѓа во вистински момент, со оглед на тоа што трошоците за одржување на Зоолошката градина во зимските месеци се повисоки. Среќни сме што преку оваа активност на Credissimo 500 деца и возрасни ќе уживаат во амбиентот на ЗОО Скопје, а во исто време тоа ќе нѝ помогне да обезбедиме доволно средства за да го потпомогнеме работењето на ЗОО“, вели Зоран Попов, дирекотор на Зоолошката градина Скопје.

Credissimo, во последните неколку години, во повеќе наврати го поддржа работењето на ЗОО Скопје. Последната донација беше наменета за реконструкција на покривот на живеалиштето на крокодилот, а претходно беа обезбедени средства и за бојадисување на домовите на лавчињата и за поставување информативни и едукативни табли.

Грижата за животните е еден од основните сегменти на нашата политика за општествена одговорност и токму затоа сметаме дека Зоолошката градина во Скопје ја заслужува нашата поддршка. Грижата за изградба на репрезентативна ЗОО во главниот град треба да биде на целата заедница, вклучувајќи ги и граѓаните, кои со секоја посета го помагаат нејзиното опстојување и надградување. Credissimo и во иднина ќе остане партнер на Зоолошката градина преку поддршка на разни активности. 

Пред организирањето на настанот направивме повик на социјалните мрежи до сите заинтересирани граѓани кои сакаат да добијат на подарок влезница за ЗОО Скопје. Во изминатите месеци обезбедивме бесплатни билети за Зоолошката градина и за децата кои го посетуваат дневниот центар на здружението „Доза среќа“, како и за децата на нашите вработени.

Artikuj të lidhur

Kthehu mbrapa
Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам
Projekte sociale

Добротворна акција за подигнувањето на свеста за децата со аутизам

Credissimo како општествено одговорна компанија не заборави на лицата со посебни потреби. Направивме нова добротворна акција.

Lexo
Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката
Projekte sociale

Розов октомври: месец за подигање на свеста за ракот на дојката

Подобро е да се спречи со преглед навреме! Секоја жена треба да прави редовни прегледи на градите. Ракот може да биде излечен.

Lexo
Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром
Projekte sociale

Втора година дониравме за Светскиот ден на Лицата со Даунов синдром

И оваа година дониравме 60.000 ден. за лицата со Даунов синдром. Донацијата оваа година е во Здружение Вера од Струмица.

Lexo
Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата
Projekte sociale

Петка за „Сeкогаш биди број 1“ - кампања за поддржка на првачињата

Ја спроведуваме веќе петта година по ред. Ќе продолжиме и во иднина да ги поддржуваме првачињата со подароци за првиот училишен ден.

Lexo
Дониравме 100.000 ден. за поплавите во Делчево
Projekte sociale

Дониравме 100.000 ден. за поплавите во Делчево

Дадовме свој придонес во санирањето на штетите од поплавите во Делчево. Главниот фокус е ставен на обновување на инфраструктурата.

Lexo