Kthehu mbrapa Artikujt

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Како користиме вештачка интелигенција во Credissimo ?

Знаеш ли за Симо? Знам дека нема веднаш да одговориш, а ќе прашаш „Кој Симо?“ Сигурно го знаеш, ама прашањето ќе ти дојде онака, по навика. Е, сега ако не знаеш и за ChatGPT…

Продолжи да читаш, информацијата, навистина, е корисна!

Ниту еден чатбот досега не станал толку познат, колку што е ChatGPT во моментот. Генерира толку разбирлив и јасен текст, неговите одговори звучат како одговори на човек со којшто си пишуваме од другата страна, независно од фактот дека, всушност, пишуваме со робот. ChatGPT одговара на повеќе јазици, знае да дава одговор за сѐ и сешто, користејќи вештачка интелигенција. Така што за него веќе знаеш, а во случај да не знаеш - можеш да го прашаш ChatGPT.

Сигурно по прочитаното за ChatGPT ќе се сетиш дека и не е баш на мода да поставуваш прашања за твојот кредит по телефон или на имејл, имајќи предвид дека тоа можеш да го направиш целосно онлајн во разговор со Симо.

ChatGPT и нашиот Симо имаат нешто заедничко, а тоа е дека секогаш можат да ти помогнат. Ти прашуваш, а тие одговараат. Брзи се и доста конкретни, сигурно си мислиш дека се роднини, но, не се.

ChatGPT и Симо се чат-ботови коишто одговараат на прашања, како и сите други софтверски апликации на сајтовите програмирани да одговараат на клучни зборови.

Нашиот чат-бот Симо може да одговори на сите твои прашања. Го посетуваш нашиот сајт www.credissimo.mk и во долниот десен агол започнуваш разговор. Симо е толку добро подготвен, што одговара на сите клиенти наеднаш. Освен на клиентите кои поставуваат прашања преку чат-платформата на сајтот, стигнува да одговори и ако пишуваш преку Facebook Messenger. Со него сѐ е брзо и лесно. И да не заборавиме. Симо е чат-бот кој освен што прецизно одговара, дава и пари. Може да ти помогне да си пополниш и апликација за кредит. Прашај го и ќе се увериш!

Симо веќе неколку години интерактивно комуницира со нашите клиенти обезбедувајќи им информации поврзани со нашите услуги. Од денес, Симо веќе дава одговор и на прашањето „Колку е сумата за предвремена исплата на твојот кредит“. Ова е неговото најголемо достигнување досега, затоа што тоа е едно од најпоставуваните прашања во нашиот кол-центар.

Биди во чекор со новите технологии, движи се напред, спознавај и осознавај! Биди во тек со последните случувања од дигитализираниот свет. Иднината е во онлајн пространството.

Artikuj të lidhur

Kthehu mbrapa
Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?
Artikujt

Колку лесно може да ти биде хакирана лозинката?

Дали некогаш си користел иста лозинка за повеќе сајтови? Ако да — добредојде во клубот на 65% од луѓето кои тоа го прават.

Lexo
10 игри кои ги учат нашите деца на финансиска писменост
Artikujt

10 игри кои ги учат нашите деца на финансиска писменост

Ви претставуваме некои од најпопуларните игри, кои можат да ги научат децата на финансиска писменост уште од рана возраст

Lexo
Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?
Artikujt

Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?Дали заштедуваме или трошиме повеќе од онлајн шопинг?

Бидејќи никој не сака да купува производи кои чинат поскапо, претпоставуваме дека прашањето е, од што зависи и како сепак да пазаруваме поефтино?

Lexo
10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии
Artikujt

10-те најдобри апликации за 2017 за планирање на твоите финансии

Избравме најдобрите до денес, со кои лесно можете да ги ведувате приходите и расходите, да ги планирате трошоците и заштедите.

Lexo
 5 совети за онлајн шопинг на Black Friday
Artikujt

5 совети за онлајн шопинг на Black Friday

Прочитај ги петте совети за онлајн шопинг на BLACK FRIDAY и купи си безбедно и безгрижно се што ти треба! При потреба од дополнителни средства, аплицирај во Credissimo!

Lexo